Кристијано Роналдо можеби одигра лошо на СП 2022 во Катар, можеби нема клуб, но тоа нема да го спречи да има прекрасни божќни и новогодишни празници со прекрасното семејство, кое на вчерашната прослава на раѓањето на Исус Христос му подари Ролс Ројс.
Подарокот е од неговата животна партнерка Георгина, а станува збор за кабриолет верзија на ова луксузно возило која чини околу 500.000 долари.
Оваа сума е смешна за Роналдо, но и за неговата свршеница, која и самата заработува убаво со оглед што има милиони следбеници на Инстаграм па секоја нејзина објава и носи огромна сума пари.