Иако недвижностите во Србија последниве месеци поскапеа, сместувањето во Грција, недалеку од плажата, се продава за неверојатна сума. Куќите имаат почетна цена од 55.000 евра, додека становите може да се најдат и за 39.000 евра. Во цената исто така е вклучен и паркинг.
Социјалните мрежи се преполни со огласи за продажба на недвижен имот на самиот брег во Грција, а освен детален опис, сопствениците нудат и фотографии од сите соби и целокупниот имотот што го продаваат.
Така на пример, се продава куќа во малото предградие Неа Епиватес, недалеку од Солун. Куќата има 70 метри квадратни, на само 800 метри од плажа и се наоѓа на плац од 500 метри квадратни. Како што е наведено во огласот, имотот е во одлична состојба и доаѓа со паркинг. Куќата се состои од две спални соби, дневна со кујна, бања и галерија од околу 30 квадрати и чини 54.000 евра.
Стан во Ханиоти 55.000 евра
Стан во Ханиоти на 200 метри од море се продава за неверојатни 55.000 евра. Имотот од 40 квадрати, кој се наоѓа на вториот кат, располага со спална соба, дневна со кујна, бања и тераса со поглед на соседната зграда и шеталиштето.
Стан во Лептокарија е уште поевтин. Имено, според описот во огласот, стан од 25 квадрати во нова зграда се продава за 39.000 евра. Овој имот се наоѓа на приземје, има тераса и е на само 800 метри од плажа.
Се продава стан од 50 квадрати со поглед на Солун по цена од 65.000 евра. Како што е наведено во огласот, станот се наоѓа на улица Егнација, на 9 кат, има две соби, кујна, бања и голема тераса за уживање и е одличен за изнајмување како и за постојан престој.
На добро познатиот грчки остров, се продава недвижен имот од 30.000 евра. Еден таков се наоѓа на Лефкада. Куќата има 65 квадрати, а според описот во огласот има само една соба. Се нагласува дека се работи за стара зграда, изградена во 1960 година. Она што може да биде примамливо, имотот се наоѓа на парцела од 130 метри квадратни.
Цените на куќите веќе паѓаат сé повеќе, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Шведска, Австралија и Канада, каде што цените паднаа за околу 7 отсто од февруари до август.