Во Романија се регистрирани 9 кражби на автомобили на сто илјади жители, во Естонија 8, а во Данска само 5 кражби на автомобили на 100.000 жители.
Би можело да ве интересира: Porsche го заменува бензинот со вода и воздух
Објавен е инфографик кој ја покажува стапката на кражби на автомобили во европските земји.
Графиката го опфаќа бројот на евидентирани кражби на автомобили на 100.000 жители во 2020 година.
Спротивно на очекувањата, Шведска е на врвот во Европската унија по бројот на кражби на автомобили. Имало 207 кражби на автомобили на сто илјади жители.
По Шведска е Италија со 169 кражби на автомобили, потоа Холандија со 155 и Грција со 144 кражби на автомобили на 100.000 жители.
Хрватска е на самото дно по бројот на кражби на 100.000 жители. Имено, ги имало само 17, а исто толку ги имало и во Бугарија. Во Романија се регистрирани 9 кражби на автомобили на сто илјади жители, во Естонија 8, а во Данска само 5 кражби на автомобили на 100.000 жители.