рок за аплицирање до 30.12.2022
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 660/2022
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за цивилно воздухопловство за следните работни места
1. АЦВ0101В01022 Советник за стандарди и регулатива за навигација, Одделение за меѓународни стандарди и регулатива, Сектор за меѓународно правни работи(1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки или Организациони науки и управување (менаџмент)
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на англиски јазик
Дополнителни услови
- обука за право на ЕУ за единствено европско небо (LEX-SES)
- обука за меѓународно воздухопловно право
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 07:30 до 15:30
- Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 56.320,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. се : Албанец(ка) 1.
Би можело да ве интересира: УЈП ВРАБОТУВА 100 луѓе - следуваат солидни плати
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.
Целиот оглас е на ЛИНКОТ