По две пандемиски години, граѓаните конечно може да го планираат и организираат дочекот на најлудата ноќ и во гужва, и со музика и без дистанца.
Но, според граѓаните постои друг проблем, инфлацијата и економската криза, па така велат дека размислуваат дали ќе може да си дозволат за една ноќ да одвојат минимум 150 евра.
Еве што велат дел од граѓаните:
- Не се даваат 200 евра за eдnа вечер. Ќе останеме дома, ќе гледаме новогодишна програма на телевизиите, ќе имаме богата трпеза од која храна ќе имаме и за следните неколку дена, споделува една скопјанка.
- Новогодишните прослави низ рестораните и хотелите, со жива музика, се движат од 1.800 денари па нагоре од лице. Значи со партнерот во старт треба да одвоиме 3000 денари, дополнително пари за пијачки бидејќи во цената се вклучени само две пијачки. Потоа пари за облека, фризура...Значи едвај скромно околу 10 0000 денари. Уште размислуваме. Убаво ќе биде со друштво, но финансиите се проблем, вели една млада скопјанка.
- Мора дасе купи по некој симболичен подарок за најблиските, пакетчиња за најмалите, сето тоа е трошок.
Повеќето скопски кафулиња и пабови во сабота, точно на 31. декември ќе организираат дневни забави со жива музика. И оние кои ќе одлучат на ваков вачин да ја слават Новата година, ќе мора убаво да размислат, бидејќи за секаде се потребни резервации кои чинат најмалку 6.000 денари, а сумата ќе ја дели цело друштво, плус дополнително пари за пијачки и мезе.
Можеби ќе ве интересира: Очекувате ли новогодишна „честитка“ од вашиот работодавач на крајот од годината?
Новогодишната прослава вo Скопје, на плоштадот „Македонија“ е бесплатна, освен што ќе имате трошок околу пијачките, а засега се знае дека ќе пее Елена Ристевска.
извор: skopjeinfo.mk