Интересно е дека овој базен е повисок дури и од легендарниот бесконечен базен во Сингапур.
Би можело да ве интересира: По цена на стан во Европа може да се купат острови ширум светот
Доколку се прашувате каде се наоѓа највисокиот базен на светот – одговорот гласи, во Кина. Поточно во Нанинг којшто е главен град на автономниот регион Гуангси-Џуанг во јужниот дел на таа земја.
Архитектонската фирма од САД „Goettsch Partners“ ја завршила работата на новата кула „Guangxi China Resources Tower“ на чиј врв се наоѓа импресивен базен. Станува збор за 71-от кат.
Поради тоа што се наоѓа на 323 метри над земјата, овој базен официјално е највисокиот отворен базен на светот.
Инаку, хотелот нуди 336 соби, канцелариски простор и малопродажба и моментално претставува 18-та највисока зграда во Кина, а 37-ма највисока на светот.
Генералниот директор на „GP“, Џејмс Џенг дизајнот на оваа кула го нарекол „симбол на растечки просперитет на градот“. Интересно е тоа што овој базен е повисок и од легендарниот бесконечен базен којшто се наоѓа на 57-от кат на „Marina Bay Sands“ во Сингапур.
Изградбата на хотелот започнала во 2014 година и завршила во ноември 2020 година, додека пак внатрешното опремување завршило дури неодамна. Од „GP“ наведуваат дека зградата сега целосно е зафатена и е во функција.