На 31 декември, популарната апликација ќе престане да работи на речиси 50 модели на телефони.
WhatsApp ја прекинува поддршката за уредите и оперативните системи кои малку се користат или се прилично застарени.
Во моментов, WhatsApp поддржува Android 4.1 и понови верзии на платформата, iOS 12 и понови верзии, како и KaiOS 2.5.0 и понови верзии на овој софтвер.
На листата има 49 модели на телефони на кои од 31 декември веќе нема да може да се екористи WhatsApp:
- Apple: iPhone 5, iPhone 5c
- Samsung: Galaxy Ace 2, Galaxy Core, Galaxy S2, Galaxy S3 mini, Galaxy Trend II, Galaxy Trend Lite, Galaxy Xcover 2
- LG: LG Enact, Lucid 2, Optimus 4X HD, Optimus F3, Optimus F3Q, Optimus F5, Optimus F6, Optimus F7, Optimus L2 II, Optimus L3 II, Optimus L3 II Dual, Optimus L4 II, Optimus L4 II Dual, Optimus L5, Optimus L5 Dual, Optimus L5 II, Optimus L7, Optimus L7 II, Optimus L7 II Dual, Optimus Nitro HD
- Sony: Xperia Arc S, Xperia miro, Xperia Neo L
- Huawei: Ascend D, Ascend D1, Ascend D2, Ascend G740, Ascend Mate, Ascend P1
На листата се и: Wiko Cink Five, Wiko Darknight ZT, Memo ZTE V956, Quad XL, Lenovo A820, Archos 53 Platinum, Grand S Flex ZTE, Grand X Quad V987 ZTE, HTC Desire 500.
Иако повеќето корисници веќе се на поновитеверзии на Android и iOS платформите, има уште корисници кои се служат со постари телефони.
Ако вашиот уред е на овааа листа, време е за надградба ако не можете без WhatsApp.
ПРОЧИТАЈТЕ: Кога децата треба да го добијат првиот мобилен телефон?
извор: kajgana.com