Кај домаќинствата цената на струјата за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за околу 2,95%, цената за третиот блок се зголемува за 0,85%, а за четвртиот блок се зголемува за 7,6%. Цените се објавени без ДДВ-то кое од 1-ви јануари ќе се врати од пет на десет насто...
Регулаторната комисија ја намали цената на електричната енергија во првите два блока за домаќинствата, како и за малите потрошувачи, но цените се објавени без ДДВ-то кое од 1-ви јануари ќе се врати од пет на десет насто.
Со новата одлука на РКЕ која ќе важи од Нова година, вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи се намалува за 20,15% и таа ќе се применува за 70.000 компании во земјата. Кај домаќинствата цената на струјата за првиот блок се намалува за 4,11%, за вториот блок се намалува за околу 2,95%, цената за третиот блок се зголемува за 0,85%, а за четвртиот блок се зголемува за 7,6%.
„Ова е конкретна мерка која носи значително намалување на трошоците за струја како што мали дуќани, фризерници, мали кафулиња, на оние кои им треба помош. 99% од домаќинствата ќе имаат намалени цени на електрична енергија. Доколку продолжат да штедат, многу мал процент ќе имаат повисоки сметки. Со овие одлуки цената за пренос на електрична енергија за 8,66%, цената за дистрибуција се намалува за 19,54%. Тоа е дополнителна помош и за компаниите на слободниот пазар затоа што нивните трошоци за мрежарина се намалуваат речиси за 20 отсто“, изјави првиот човек на РКЕ, Билсимовски.
Цената на првата блок тарифа сега ќе биде 4,73 за енергија и цена за мрежа е 2,68 денари или вкупно 7,41 денар по киловат-час. За вториот блок сега изнесува 7,84 денари по киловат-час, цената за третиот блок сега ќе изнесува 8,74 денари и цената за четвртиот блока сега е 18,81 денар.
Евтината тарифа претходно беше 3,99 денари, сега изнесува четири денари. За малите потрошувачи во скапа тарифа сега ќе изнесува 13,73 денари по киловат-час, а евтината тарифа 10,78 денари.