Семејството Кардашијан после цели 10 години го затвори својот моден бутик, тие не успееаја да опстанат и наспроти сите реклами сите спонзорства и промоции на истиот.
Ким Кардашијан Вест и нејзините сестри Кортни и Клои го отворија својот прв бутик „Dash“ во Калабасас, Калифорнија. Потоа нивни продавници се појавија во Лос Анџелес, Мајами и Њујорк.
Стигна до таму што брендот доби телевизиско време во сопственото реално, со име „Dash Dolls“, кое ги следеше вработените, кои работат во една од продавниците, пишува BBC.
Кардашијан Вест прокоментира дека одлуката да се затвори бутикот по повеќе од една деценија бил „горчлив“. Таа изјави за својот вебсајт дека „Dash“ бил „голем дел од нашите животи“, но не дава детали околу причините за затворање на бизнисот.
„Го сакавме раководењето со „Dash“, но во текот на изминатите неколку години, сите тргнавме во различни правци“, пишува таа.
„Ние бевме презафатени со движење на нашите сопствени брендови, како да бидеме мајки и да балансираме меѓу работата и нашите семејства. Ние знаеме во нашите срца дека дојде време да се продолжи понатаму. Ги сакаме нашите „Dash Dolls“ и сме благодарни за неверојатните спомени“, вели таа.
37-годишната Кардашијан им се заблагодари на вработените и клиентите на „Dash“ за поддршка.
Минатата година, Кардашијан Вест го објави својот нов бренд за продажба на козметика и детска облека.