Паметен, добри оцени на факултет и училиште, но доколку не сте емоционално зрели, општествено интелигентни, упорни и истрајни во своите цели, најчесто нема да успеете да ги остварите вашите цели.
Би можело да ве интересира: Дали работата од дома за едни е уживање за други фрустрација!?
За да бидете успешни во тоа што го правите мора да имате повеќе видови интелигенција и особини кои ги имаат само посебните луѓе.
Еден од таквите луѓе е Ворен Бафет којшто покрај тоа што е еден од најбогатите и најуспешни инвеститори на светот, покажал и извонредна емоционална интелигенција во повеќе наврати.
Дали сте слушнале за неговото правило 25/5?
Во една прилика во разговор за кариерата, Бафет на својот пилот му спровел еден тест.
Тој на почеток на својот пилот му рекол да направи листа од свои 25 приоритетни цели во кариерата, а потоа да заокружи пет од нив, оние кои смета дека се најважни.
Што сакал да постигне со овој тест?
1. Да биде насочен на остварување 1 до 5 цели.
2. Воопшто да не работи на остварување на целите (од 6 до 25).
Бафет сакал да докаже дека сè е во фокусот. Не можете со ист интензитет да се фокусирате и да бидете на 25 страни затоа што едно е сигурно, а тоа е дека нема да постигнете 25 работи во вашиот живот.
Доколку долгорочно се фокусирате, можеби ќе може да остварите од 3 до 5 големи цели. А, препреките на вашето фокусирање се броевите од 6 до 25 затоа што тоа се работи кои ве интересираат. Тоа се ваши најголеми потенцијални деструкции.
Ова едноставно правило е прекрасен начин за примена на емоционалната интелигенција во секојдневниот живот.
Важно е секогаш да идентификувате предмети од 5 до 25 за полесно да го идентификувате тоа што ве кочи.
Ова правило не мора да се применува само за големи работни цели туку во било кој вид обврски и желби. Може да имате секој ден список од 10 обврски кои би сакале да ги направите тој ден, а потоа да заокружите две или три. Додека не го ставите тој главен приоритет на лист хартија, не извршувајте ниту една друга задача.
Користете го правилото 25/5 и направете емоциите да работат за вас, а не против вас!