Малите занаетчии, бербери, фризери, кројачи, шивачи, автомеханичари и други мали фирми, занаетчии, од идната година ќе плаќаат поевтина струја, информираа денеска од занаетчиската комора.
Барањата кои се однесуваа за субвенционирање на електричната енергија кај занаетчиите, микро и малите претпријатија од индустриска во домаќинска електрична енергија сè додека трае кризата, делумно се прифатени. Занаетчиите од Нова година ќе плаќаат поевтина електрична енергија. Со новите цени најголема добивка имаат малите фирми. За нив струјата ќе биде поевтина така што наместо 17 денари за киловатчас, ќе плаќаат 13 денари. Евтината, ќе чини 10 денари за киловат. Оваа цена ќе важи за 70 илјади компании, голем дел занаетчии.
ОД ЗКРСМ сметаат дека ваквото намалување на цената на струјата ќе придонесе да се стабилизираат микро, малите фирми и ќе биде од голема помош да се преброди економско-енергетската криза.
извор: kanal5.com.mk