Само пред една година, софтверската компанија Алтаро од Малта го најави своето продолжување на напорите за глобално присуство на пазарот, преку отворање на канцеларија во Скопје, Македонија. Алтаро е старт-ап кој прерасна во интернацинална компанија и денес има претставништва во САД, Велика Британија, Франција и Германија покрај седиштето во Малта и канцеларијата во Македонија. Во моментов, компанијата ги вклучува 15-те вработени од канцеларијата во Македонија како дел од својата меѓународна фамилија, која брои повеќе од 85 лица – и секоја година сите патуваат за Малта!
Алтаро има скромни почетоци: кога во 2009 година во мал темен подрум на Малта започнале да работат четворицата основачи, Дејвид Вела, Сајмон Атард, Џулијан Пејс Рос и Стивен Чекути Бонавита, кои по случајна средба сфатиле дека го делат истиот сон, поттик и знаење за да отворат своја софтверска компанија. Тогаш, компанијата била финансирана од нивните сопствени заштеди, работејќи на стари бироа за да се скратат трошоците.
Денес, Алтаро има повеќе од 40,000 компании од 121 различна земја како свои клиенти. Исто така, компанијата има глобална мрежа на повеќе од 7,000 партнери, кои ги вклучуваат светските гиганти како NASA, Microsoft, Xerox, Discovery Channel, Amazon, Thomson Reuters и Peugeot.
Беспрекорната техничка поддршка е една од најважните активности на компанијата, заедно со континуираниот развој на софтверот. Многуте меѓународни признанија, награди и позитивни оценки од клиентите претставуваат доказ за посветеноста на компанијата на квалитетот. Помеѓу другите, најскоро освоени награди се и:
- Storage Awards Company of the Year 2018;
- Rising Star 2017 Award at the Ernst&Young Entrepreneur of the Year™ Awards
- CRN 2017 Tech Innovator Award
- CIO Applications Top 25 Microsoft Solution Providers 2017.
Причина повеќе зошто би станал дел од Алтаро?
Алтаро развива сопствено софтверско решение, користејќи напредни технологии кои им овозможуваат на вработените пристап до нови идеи и можности за напредок на работното место.
На овој начин, програмерите и претставниците за техничка поддршка во Алтаро уживаат во работата многу повеќе фокусирајќи се на еден производ, кој се користи во целиот свет, отколку да работат на различни проекти без континуитет. Ова го поттикнува и личниот развој кај вработените, имајќи предвид дека тие се и дел од глобален тим на професионалци.
Исто така, новите вработени имаат можност да бидат дел од Altaro Bootcamp, нова и возбудлива програма за заработка додека се учи, која им овозможува на новодојдените тренинг и обука за да се стекнат со потребните вештини.
Сите нововработени во канцеларија во Скопје, заминуваат на едно неделна обука во Малта, како и да се запознаат со тимот. Најдобриот дел од годината е годишниот состанок - Аll-hands meeting, кога сите вработени од сите канцеларии на Алтаро се среќаваат во Малта за да ги споделат најновите достигнувања и да разговараат за идните планови за развој на компанијата. Состанокот претставува и одлична можност сите да се забавуваат заедно.
Еве зошто нашите вработени во Алтаро уживаат во работата:
“Алтаро е она што го барав – пријателска средина која нуди предизвик во работата преку запознавање со најновите технологии, каде што научив многу и секојдневно се надградувам. Да работиш заедно со одлични ментори и колеги кои постојано се трудат да бидат најдобри во она што го работат, е навистина супер!” – Александар Спасески, .NET Програмер
|
|
"Бев навистина инспирирана од посветеноста на четворицата основачи на Алтаро, кои работеле неуморно за остварување на својот сон. Сакам да сум опкружена со луѓе кои се стремат кон успех и ги инспирираат другите да бидат најдобри во тоа што го работат. Од мојот прв ден во Алтаро, се чувствувам како дел од нивното семејство и навистина верувам дека ова е најдоброто место за градење на својата кариера." – Маја Костова, прв вработен во канцеларијата на Алтаро во Скопје
|
Важен дел од секојдневието во Алтаро е чувството на поврзаност и припадност кое е клучно за успехот на компанијата, а тоа го градиме преку голем број на тим билдинг активности.
Во моментов, канцеларијата во Скопје има отворени позиции за Претставници за Техничка поддршка и Сениор .NET програмери. Сакаш да се приклучиш на нашиот тим?
Аплицирај на https://www.altaro.com/skopje
или прати ни мејл на careers@altaro.com