
Ноќта и рано утрово во Скопје магла и смог, но градот не е меѓу првите десет најзагадени градови на светот како што беше минатата недела.
Сепак, квалитетот на воздухот се уште се смета за опасен за одредени групи граѓани, зашто и натаму вредностите на штетните честички и гасови во воздухот се високи и претставуваат ризик за здравјето.
Просечната загаденост во Скопје има индекс од 136. Во делови од градот загаденоста е во границите на опасен воздух, со ПМ честички од околу 180 мг на м3. Најзагадено е во Хром.
Во Македонија пак, најзагаден воздух утрово има во Кичево со индекс на квалитетот на воздухот од 183. Во Гостивар индексот е 180, во Тетово - 173, Битола со 172 и во Сгтрумица со индекс 151.