Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Внимателно возење и приспособување на брзината на движење препорачува АМСМ наведувајќи дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на некои места коловозите се влажни.
На дел од патиштата има и магла поради што е намалена видливоста. Само до 40 метри видливост поради маглата има на правците Тетово-Групчин и Кочани-Виница-Македонската Каменица. А од 50 до 100 метри е видливоста на правците: Битола-Прилеп, Скопје-Куманово, Скопје-Велес, Велес-Катланово и Кочани-Штип.
Кога станува збор за фреквенцијата, од АМСМ наведуваат дека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини нема подолги задржување за влез и излез од државата.