Откако на новогодишната ноќ потона сплавот „Фристајлер“ во Белград, поради големо преоптоварување, гостите истакнаа дека не им било осигурана безбедноста на објектот, а платиле многу пари.
Според огласот за дочекот на Новата 2023 година во овој клуб, цената на билетот за ноќта се движела од 27 до 40 евра и до неверојатни 1.000 евра , што била доплата за т.н. „Freestyler booth“ со 6 премиум шишиња по избор.
Влезот на забавата чинел 20 евра , додека резервацијата на бар-маса за пет лица, која вклучува шише локален пијалок, била 230 евра . Мала маса и премиум шише за 600 евра , ВИП сепаре за 12 лица и едно шише премиум пијалоци и две шишиња шампањ, било 1100 евра . Потоа, сепаре Ultra VIP чинело 1.600 евра за 15 лица, а мега ВИП штандот чинело 2.400 евра, во цената биле вклучени две шишиња премиум пијалоци и две шишиња шампањ „Dom Perignon“.
извор: centar.mk