Првиот работен ден по воведувањето на еврото во Хрватска, има низа поскапувања, јавуваат хрватските медиуми.
Би можело да ве интересира: Хрватска: На вториот ден од користењето на еврото, полицијата предупредува на лажни банкноти
Затоа премиерот Андреј Пленковиќ свика средба со надлежните министри и инспекциските органи.
Тој во порака на Твитер наведува дека свикал состанок со надлежните министри и претставници на Даночната управа, Царинската управа и Државниот инспекторат во врска со понатамошните активности за заштита на потрошувачите од неоправдано поскапување.
„Воведувањето на еврото не е причина за зголемување на цените на стоките и услугите“, напиша Пленковиќ.