
Израелскиот медиум The Jerusalem Post (ЈП) објави листа на највлијателните држави во светот.
На врвот се Соединетите Американски Држави (САД). На второ место е позиционирана Кина. Најнаселената земја во светот, воедно и втората по големина економија во светот, е под силна контрола на Комунистичката партија. И покрај војната во Украина, Русија сепак е трета по влијание во светската политика.
Велика Британија е на петтото место. На шесто место е Јужна Кореја. Понатаму, Франција е на 7 место, Јапонија на 8, ОАЕ на 9 и на крајот – на 10 место е Израел. Оваа земја има напредок, затоа што претходно беше 11-та највлијателна земја. Во извештајот беше објавено и дека главните извозни производи на Израел се дијаманти, технолошка опрема и лекови.