На интернет страна на Министерството за труд и социјална политика објавени се списоците со корисници на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Можете да побарате на овој линк.
Како што е објавено, паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година.
Корисници се граѓаните со право на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Списоците се објавени и на:
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).