Секоја европска земја ги „гугла“ другите земји од светот, но интересно е да се погледне која земја која друга најмногу ја пребарува.
Би можело да ве интересира: Како да заработите пари живеејќи на Малдиви? Еден од условите е да сакате книги
Кај земјите од Стариот континент доминираат три држави кои најчесто се пребарувани. Тоа се Германија, Русија и САД.
Германија најмногу пребаруваната земја во Европа бидејќи на Google доминира во 11 земји и тоа Данска, Холандија, Полска, Чешка, Швајцарија, Австрија, Унгарија, Романија, Хрватска, Грција и Турција.
Русија најмногу пребарувана е од 10 земји и тоа буквално сите поранешни советски републики кои се наоѓаат во Европа или пак со дел од територијата припаѓаат на континентот: Естонија, Латвија, Литванија, Белорусија, Украина, Молдавија, Грузија, Ерменија, Азербејџан и Казахстан.
А, пак, САД се најмногу пребарувани од страна на жителите на 6 европски земји: Норвешка, Шведска, Обединето Кралство, Германија, Франција и Русија.
Нашата држава не води на листата на пребарувани кај ниту една држава, додека Македонците најмногу ја пребаруваат соседна Србија.