Празниците будат различни чувства кај луѓето, но не мора сите да бидат пријатни. Секој на свој начин ги доживува празниците, па понекогаш го гледаме најдоброто од луѓето, а понекогаш за жал и најлошото.
И додека некои едвај ги чекаат овие моменти, други со нетрпение чекаат да завршат и да се вратат работите во нормала.
Кои типови на личности може да ги сретнете во текот на празничниот период?
1. Гринч
Можеби овој тип на карактер е најпознат од сите. Гринч е тој што се мршти секогаш кога ќе ја слушне божиќна песна, тој е оној кој никогаш не сака да учествува во некоја активност и едвај чека да завршат празниците.
2. Помошник на Дедо Мраз
Помошници на Дедо Мраз се оние кои уживаат во овој период од годината. Може да ги препознаете по празничните украси и декорации во духот на Новата година и Божик. Тие се оние кои носат чудни новогодипни џемпери или пижами само затоа што се расположени во новогодишен и божиќен дух. Омилена им е песната „Jingle Bells“.
3. Гурмани
Гурмани се оние кои го испланирале празничното мени најмалку два месеци однапред. За овие луѓе прославата не може да мине без вкусно јадење. Не им е толку грижа за дружбата со најблиските или размената на подароци, туку за храната што ќе се служи на масата.
4. Компулсивен купувач
Компулсивниот купувач не запира на ништо, дури и откако ќе ја испразни сметката и сите заштеди. За нив овој период од годината е синоним за шопинг. Всушност, каква и да видат добра понуда, не можат да ѝ одолеат, а потоа се обидуваат да ги најдат вистинските луѓе на кои ќе им ги дадат подароците.
5. Рециклирање подароци
Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да рециклирате неколку подароци. Но, вештината на овие луѓе ги поминува сите граници. Најлошото кај нив е што не се срамат да вратат нешто што вие претходно сте им го купиле или подариле. Најсмешниот момент е кога ќе заборават на тоа.
Сепак, бидете внимателни, оваа особина е заразна - тоа што ќе ви го дадатт, на крајот може вие да го дадете некому, па да заборавите.