Алеманија, Немачка, Вација, Сакса, Германија и нормално, Дојчланд. Јазиците ширум Европа користат 6 различни верзии за именување на државата на Германците.
Различноста во поделеноста околу името на Германија не познава јазични групи. Така на пример, романските и словенските групи на јазици немаат свое посебно име, туку се измешани.
Француски, велшки, каталонски, баскиски, шпански, галициски, португалски, турски, абхаски и азербејџански користат варијација на Алеманија според германското племе Алемани кое ги населувало пространствата на денешна Северна Швајцарија и Југозападна Германија.
Шкотски, ирски, мански, англиски, корзикански, италијански, малтешки, албански, македонски, грчки, бугарски, романски, руски, казахстански, калмички, осетиски, грузиски и ерменски користат варијација на Германија, по потекло од латинското име Германи со кои ги нарекувале сите германски племиња кои живееле источно од реката Рајна.
Јазиците во централна Европа како полски, чешки, словачки, унгарски, словенечки, хрватски, босански, српски, црногорски, украински, белоруски употребуваат варијација на Немачка според германското племе Немети кое живеело по текот на реката Рајна.
Само фински и естонски користат форма од зборот Сакса, според германското племе Саксонци.
Латвискиот и литванскиот јазик, пак, користат форма која не е поврзана со германските племиња и не се ни знае од каде точно потекнува. Една теорија вели дека нивното име за Германија доаѓа од шведското племе Ваготи.
Заедно со германскиот, други европски јазици кои користат форма произлезена од старогерманскиот збор диутиск се холандски, дански, шведски, норвешки, фарски, исландски и сапми.