Сите сакаме да пиеме вкусно и квалитетно кафе, но најчесто поради нешто, кафето не ни успева. Ова се најчестите грешки при подготовка на кафето.
Преварено кафе
Кога кафето има горчлив вкус, тоа е знак дека е преварено. Понекогаш виновник за тоа е садот во кој го подготвувате, па едноставно заменете го со поквалитетен.
Употреба на вода со идеална температура е клучна за да се добие добар вкус на кафето. Идеалната температура на варење е 100 степени, бидејќи со неа се добива најдобра арома и совршен вкус.
Количината на кафе и вода
За идеално кафе, треба да користите две лажички кафе и 180 мл вода. Секако, доколку сакате појак вкус, можете да додадете повеќе кафе или обратно.
Се бира евтино кафе
Добро е човек да биде штедлив, но се случува евтините зрна кафе да бидат и најслаби. Наместо да купувате кафе по најниски цени, заштедете пари така што ќе намалите со пиење кафе во кафулиња и кафеани.
Кафето не го чувате правилно
Ако сакате да ја зачувате свежината на кафето, чувајте го во херметички затворена амбалажа на студено и темно место. Стаклените и керамичките садови се најдобри за тоа.