Германската национална железничка компанија Дојче Бан (ДБ) сака да вработи 25.000 работници оваа година.
Околу 9.000 работници ќе бидат распоредени на нови работни места кои штотуку се воведуваат, пишуваат германските медиуми, пренесуваат од магазинот Феникс.
Според директорот на ДБ, целта е да се подобри квалитетот на бизнисот, да се удвои бројот на патници и да се изврши генерален ремонт на делумно дотраената инфраструктура.
Најавеното вработување на работници е вистински предизвик со оглед на недостигот на квалификувани работници во Германија. Според директорот, „пазарот на труд стана позатегнат и поконкурентен“.
Во 2023 година, тие сакаат да ги вработат следниве профили: 5.500 специјализанти и студенти, 4.200 специјалисти за одржување на железнички и шински возила, 3.000 работници за градежни проекти и надзор на локацијата, 2.100 машиновозачи, 1.600 диспечери, 2.200 вработени во железничката служба и 2.000 ИТ специјалисти.
Англискиот станува работен јазик
„Дојче Бан“ отвори околу 5.000 нови работни места во 2022 година. Со оглед на недостигот на работници во Германија, компанијата ќе се обиде да донесе работници од странство.
Германскиот јазик, кој им попречи на многу работници од странство при вработување, се чини дека не е потребен на одредени работни места.
„Во иднина ќе се носат сè повеќе квалификувани работници од странство, на пример од Јужна Европа, многу балкански земји и Турција.
Во секој случај, англискиот е во подем како работен јазик, особено во ИТ секторот“, изјави за германските медиуми директорот на „Дојче Бан“.