Регионот будно ја следи листата на најбогатите што ја објавува српскиот „Nеdeljnik“, на која досега се најдоа тројца Македонци, а ја предводи Хрват.
Би можело да ве интересира: Меѓу најбогатите 100 луѓе во регионот има 7 македонци, нивното богатство е проценето на 3,26 милијарди евра
Досега се објавени имињата на првите 70 луѓе кои според стручните лица кои ги ангажирал весникот заземаа свое место.
Најбогат на просторите на поранешна Југославија е Хрвататот Дубравко Гргиќ, Аграм групa. Него уште го нарекуваат и „Крал на осигурувањето“, а вредноста на неговата компанија се проценува на 2,8 милијарди долари.
По Гргиќ следуваат Миодраг Костиќ од „МК Група“ и Мирослав Мишковиќ од „Делта Холдинг“ со 2,7 милијарди евра. Во Топ 10 се и:
-Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ (Инфобип, 2,5 милијарди евра, Хрватска);
-Мате Римац (Римац Група, 2,2 милијарди евра, Хрватска);
-Емил Тедески (Атлантик, 1,6 милијарди евра, Хрватска);
-Петар Матијевиќ (МИ Матијевиќ, 1,5 милијарди евра, Србија);
-Дејан Чакајац и Јадранка Степановиќ (Моцарт, 1,3 милијарди евра, Србија);
-Драган Шолак ( „United Group“ , 1,3 милијарди евра, Србија);
-Миле Ќурковиќ (Плодине, 1,3 милијарди евра, Хрватска).
Во првите дваестмина најбогати во регионот, се најде и македонскиот милијардер, сопственикот на ИГМ Трејд од Кавадарци, Илија Гечев, со вкупно богатство од една милијарда и 54 милиони евра. Тој е осумнаесетти на листата на најбогатите луѓе во регионот.
Вториот Македонец на листата е милионерот Живко Мукаетов од Алкалоид кој е на 38 место и неговото богатство се проценува на 651.330.000 евра. Веднаш по него е и третиот Македонец, Андреја Јосифовски, челникот на нафтената компанија „Макпетрол“ чие богатство е проценето на 565.501.055 милиони евра и се најде на 45 место.
На листата на 61. место се најде и Новак Ѓоковиќ, познатиот српски тенисер, чие богатсво се проценува на 430 милиони евра.
Листата на 100-те најбогати во регионот ја составиле експерти од две реномирани консултантски фирми кои работат на Њујоршката берза, во текот на истражувањето користеле поавторитетни мултипликатори од „Stern School of Business New York University“, а студијата ги опфатила и резултатите од пазарните трансакции во регионот и светот.
Од „Недељник.рс“ посочуваат дека листата на 100-те најбогати во регионот е реализирана во соработка со водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Finance (и порталот Finance Manager), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакала да остане анонимна.
Извор: skopje24.com.mk