Би можело да ве интересира: Германија итно има потреба од 50.000 работници од Балканот, ја олеснува и процедурата за добивање државјанство
„Светскиот извештај за среќа 2022“ на ОН покажа како е рангиран Балканот од 146 земји според индексот на среќа на нивните жители. Рангирањето на среќата се заснова на тригодишниот просек од 2019-2021 година.
Петте најсреќни земји според овај извештај се Финска, Данска, Исланд, Швајцарија и Холандија. Последната земја со најнесреќна популација е Авганистан, каде Талибанците се вратија на власт по заминувањето на Америка.
Што се однесува до земјите од Балканот, најсреќно е Косово кое го зазеде 32. место, а потоа Србија на 43. место. На 47. позиција се најде Хрватска, а на 67. Босна и Херцеговина. На 75-то место според среќата на населението се најде Црна Гора, додека една зад друга, на 89-то и 90-то место, се најдоа Северна Македонија и Албанија.
Рангирањето е направено со мерење на седум параметри: дистопија, перцепција за корупција, великодушност, слобода за избор на живот, здрав животен век, социјална поддршка и БДП по глава на жител.