Овен (21.03 – 20.04)
Внимавајте на плановите кои некако набрзина ги извршувате, би можеле да се појават проблеми. Отворете ги очите и забележете дали во вашата средина има некој кој крие некои нешта од вас. Некоја Вага ќе се надева на ваша помош, но вие нема да бидете способни за тоа.
Бик (21.04 – 21.05)
Ве очекуваат предизивици, обврски, а заслугите ќе бидат занемарени. Ако се земе во обзир вашата наклонетост да се грижите премногу и да ги преувеличувате работите, овој ден може да биде многу стресен за вас.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Викендот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете во движење. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи.
Рак (22.06 – 22.07)
Наместо да ги решавате љубовните проблеми на пријателите, викендов би било добро да размислите за себе и за својот статус. Размислувањето за една платонска љубов нема да ве одведе никаде. Овој викенд е идеален да преземете конкретни чекори. Иако неделава имавте многу трошоци, сепак повикајте ја симпатијата и излезете некаде.
Лав (23.07 – 22.08)
Вие не сакате промени и најзадоволни сте кога можете да ја контролирате секоја ситуација. Овој викенд ќе го поминете во друштво на вашата стара љубов. Врската ви е стабилна и најубаво се чувствувате кога се поминува без изненадувања. Ако сте во брак, овие два дена ќе ви поминат во дружење со пријателите.
Девица (23.08 – 22.09)
За викендов му приготвувате изненадување на партнерот. Вам партнерските односи многу ви значат и ќе направите се за да внесете романтика во врската. Внимавајте во комуникацијата. Може да се случи да кажете нешто што не треба и со тоа да го расипете изненадувањето.
Вага (23.09 – 22.10)
За жал, вашето семејство подобро ги оценува вашите партнери од вас. Овој викенд ќе сфатите колку биле во право. Наместо да го поминете викендот во убаво расположение и да излезете во некое кафуле, вие ќе бидете сами. Партнерот ќе најде изговор и ќе ве остави да размислувате дали да продолжите или да прекинете.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Доколку сте невработени, викендот ќе ви отпочне со една вест која навистина ќе ве израдува. Се работи за понуда за работа која ќе ви внесе голема надеж. Понудата е добра и ќе треба да ја прифатите затоа што таа ќе претставува нов почеток за вас.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Доколку сте во постојана врска или брак ситуацијата е идеална. Потрудете се да не ја нарушите таа хармонија што сте ја стекнале со многу компромиси и голем труд. Бидете внимателни, затоа што една личност од вашето минато ќе се обиде да стапи во контакт со вас. Можеби таа ситуација ви се допаѓа и го храни вашето его, но ќе морате да размислите колку таа личност моментално ви е потребна во животот.
Јарец (22.12 – 20.01)
Самодовербата и расположението ви зависат од финансиите. Како ви се зголемуваат финансиите, така вашето его се зголемува. Викендов ќе бидете во полна форма. Доколку патувате, ве очекува убаво дружење.
Водолија (21.01 – 19.02)
Првиот ден од викендот ќе го поминете работно. Доколку се занимавате со промет на недвижнини, можно е да склучите поволен договор. Работата ви тргнува во позитивен правец и поради тоа потрудете се да го искористите моментот.
Риби (20.02 – 20.03)
Финансиите ви се добри и можете да си дозволите барем краток викенд. Но, партнерот како да ве кочи и не ви дозволува да ги искористите сите можности што ви се нудат. Можно е викендов да отидете на краток пат, но ќе имате чувство како да стоите во место и ништо не се случува околу вас.
извор: денар.мк