Би можело да ве интересира: Албанскиот главен град Тирана трет најскап во регионот
Финска петта година по ред е најсреќната земја во светот, што покажа неодамнешното истражување, а многумина се прашуваат зошто.
Според извештајот за 2022 година, луѓе од 156 земји одговарале на прашања за својот живот, а некои од факторите земени предвид биле социјалната поддршка, очекуваниот животен век, дарежливоста и отсуството на корупција.
Психологот Френк Мартела вели дека луѓето често го прашуваат зошто Финците се толку задоволни од својот живот, а тој одлучил да сподели три работи што припадниците на оваа нација никогаш не ги прават.
Не се споредуваат со соседите
Во Финска има позната реплика од еден поет: „Не споредувај се со другите и не фали се со својата среќа“, а тие, дефинитивно, ова го сфаќаат сериозно.
Мартела вели дека еднаш на улица видел еден од најбогатите луѓе во земјата како го турка својот син во количка до трамвајската станица, без разлика што има пари и за количката и за возачот, едноставно решил така.
Значи, секој се однесува како обичен човек и секој си поставува свои стандарди, без разлика колку се успешни другите или што поседуваат.
Тие не ги земаат несериозно придобивките од природата
Според едно истражување пред неколку години, дури 87 % од Финците веруваат дека природата е многу важна бидејќи им дава мир, им ја враќа енергијата и им овозможува да се релаксираат. Ова многу е блиску до многумина бидејќи зеленило има и во големите градови.
Една специфична работа што се однесува на одморите, бидејќи вработените во Финска имаат право на четири недели летен одмор и една недела зимски одмор, па многумина го користат летниот одмор за да излезат во природа и да се исклучат од мрежата.
Тие не се сомневаат во другите, но имаат доверба
Статистиката покажува дека луѓето се посреќни кога има поголем степен на меѓусебна доверба во една земја, а тоа важи и за чесноста и правичноста.
Експериментот „изгубен паричник“ од минатата година покажа дека во Хелсинки 11 од 12 паричници им се вратени на нивните сопственици. Финците ја ценат искреноста и сосема е веројатно дека некаде ќе го најдете она што сте го заборавиле, односно дека никој нема да ви го украде.
Тоа го покажува и фактот што многу деца сами се возат во јавен превоз и си играат на отворено без надзор.