Со цел да ги поддржи семејствата со мали деца, Општина Валандово започна постапка за укинување на партиципацијата за детските градинки. Овој чекор треба да послужи како пример за позитивни промени во услови на економска и енергетска криза.
Веста ја сподели Општината и гласи:
„Започнуваме со постапка за целосно укинување на партиципацијата на родителите, за згрижување на своите деца во детските градинки, на територијата на општина Валандово. Општина Валандово, целосно ќе ја покрие родителската партиципација, со средства од Буџетот на општината.“
Би ве интересирало: Градинка, бебиситерка или баба и дедо: Кој е најдобро да го чува детето додека сте на работа?
Целта е, да се поддржат семејствата со деца на предшколска возраст, во време на енергетска и економска криза и да се зајакне солидарноста во заедницата.
извор: femina.mk