Бисер на современата архитектура, вака го опишуваат локалот во Врање со мотиви од популарниот „Аватар“. Главните ликови од филмот со веродостоен изглед ќе ве пречекаат на самиот влез од кафеаната.
И да не сте фанови на „Аватар“ ова место мора да го посетите. Навистина е атракција за туристите, велат на социјалните мрежи.
Врање во соседна Србија од неодамна е попларна дестинација за прошетка на голем број македонци. Може да се патува само со лична карта, а ногумина одат за вкусната храна со пристапни цени.
Би ве интересирало: Најидеалното место за опоравување од Корона, на само неколку километри од Скопје!
Интересно е и тоа што истата гостилница претходно беше наречена Хобит елфови по популарната филмска франшиза „Хобит“ во режија на Питер Џексон. И тогаш таа беше целосно украсена во соодветен стил.
Доколку сте таму, задолжително посетете ја „Аватар крчмата“.