Канадскиот суд донесе одлука Карли Баез да му плати на работодавачот 2.459 долари (околу 2.300 евра), откако беше утврдено дека не работела во работно време.
Имено, Карли била вработена како сметководителка во компанијата „Reach CPA“ во Британска Колумбија, а додека работела од дома, со помош на софтверот на нејзиниот лаптоп било утврдено дека го „лаже“ работодавачот.
Вработената првично ја тужеше компанијата за неправедно отпуштање, барајќи отштета од 5.000 долари, но компанијата на суд откри дека ги следеле своите вработени користејќи софтвер „TimeCamp“, кој собира информации за тоа како вработените го поминуваат своето работно време.
Преку него, компанијата презентираше докази дека Карли потрошила повеќе од 50 часа на задачи кои не биле директно поврзани со нејзината работа во компанијата.
„Идентификувани се неправилности помеѓу нејзините временски листови и евиденцијата за користење софтвер“, објави Enterprenuer.
Поранешната вработена се бранела дека ги печатела документите на кои работела, но според компанијата софтверот ја следел и активноста на печатачот и дошле до заклучок дека таа „не испечатила доволно документи за работа“.
Да потсетиме дека според едно истражување, 78 отсто од работодавачите користат софтвер за да ги шпионираат вработените.
Би ве интересирало: Треба ли трудот на домаќинките да биде платен?
Дури 43 отсто од работниците на далечина сметаат дека надзорот на работодавачот ја нарушува нивната доверба, 59 отсто чувствуваат вознемиреност, 26 отсто негодуваат и 28 отсто мислат дека не се доволно ценети.