Би можело да ве интересира: ОВА Е НАЈСКАПИОТ СТАН ВО ГЕРМАНИЈА - има девет соби и прозори од под до таван
Сепак, има се повеќе проекти на сосема нови градови ширум светот, кои од почетокот треба да бидат она што постојните градови само се обидуваат да го поправат на претходната „валкана“ историја на неодржлив раст со многу потрошувачка на енергија, загадување, лошо уредување и без управување со отпад, сиромаштија, сообраќаен метеж, екстремна ранливост на климатските промени итн.
Повеќето проекти на новите градови имаат заедничко тоа што вклучуваат инвестирање на приватен капитал со цел натамошно привлекување пари од инвеститори од сферите, пред се технологијата, образованието и финансиите.
Најголемиот ваков проект е планиран во Саудиска Арабија, во нејзиниот северозападен дел во провинцијата Тарбук, на повеќе од 26.500 квадратни километри, што е територија поголема од Македонија.
На север се протега кон Јордан, на запад оди по брегот на Заливот Акаба што го дели од Египет и неговиот Синајски Полуостров, а на јужната страна се граничи со брегот на Црвеното Море.
Најмногу внимание привлекува саудискиот мегапроект Неом
ЖИВА ЛАБОРАТОРИЈА
Проектот се вика Неом (по старогрчкиот збор „нео“ за „нов“, додека „м“ ја означува првата буква од арапскиот збор „мустакбал“, што значи „иднина“.
Исто така, постои приказна дека буквата „m“ ги означува иницијалите на името на принцот Мухамед бин Салман, саудискиот престолонаследник и од неодамна премиер.
Проектот Неом, вреден половина трилион долари, е токму неговата визија; тој ја објави во октомври 2017 година, на Конференција за инвестициска иницијатива во иднината во Ријад.
Најмногу внимание привлекува саудискиот мегапроект Неом The Line, футуристички комплекс од две многу долги паралелни згради кои би ги поврзале пешачките патеки и брз транзитен систем во внатрешниот дел 1
Тестот продолжува на vecer.mk