Ако пред пандемијата четиричлено семејство можеше за 700 до 800 евра да оди на зимување во хотел со четири ѕвездички, на база полупансион, сега истото тоа чини дупло - 1.500 евра.
Од туристичките агенции кои ги контактираше весникот ВЕЧЕР велат дека аранжманите за зимување во регионот се поскапени за над 20 отсто, а најскапа дестинација е Копаоник. И покрај актуелната политичка ситуација со Бугарија, сепак поради цените Банско, Боровец, Пампорово... се најчест избор за зимување на македонските граѓани.
– Поголем дел од македонските граѓани се интересираат за Копаоник и за Златибор, но цените таму се многу повисоки отколку во Банско и во Боровец. Сепак, има интерес и за бугарските зимски туристички центри, пред сè поради цените, кои се многу пониски од српските туристички центри. Намалениот интерес за зимување е и поради намалениот животен стандард. Порано имаше голем број македонски граѓани што одеа на зимување и во Словенија, Австрија, Швајцарија, Италија, а сега нивниот број е многу помал – вели за весникот ВЕЧЕР, Маја Димитриевска, сопственик на туристичка агенција.
Што се однесува до македонските зимски туристички центри, од агенциите велат дека не ги нудат, но и интересот за нив е многу помал. Ако некој сака да оди на Попова Шапка или Маврово најчесто оди во сопствена режија со автомобил и се сместува во приватните сместувачки капацитети.
Целиот текст можете да го прочитате на vecer.press