Скоро половина од жените во светот немаат можност да бараат платена работа бидејќи се “врзани“ за домот.
Жените во Германија не само што заработуваат помалку од мажите, туку имаат и помали пензии, бидејќи многу од времето го трошат на неплатена работа дома, пишува Deutsche Welle.
Уште полошо е во земјите од неразвиениот свет како Уганда, Зимбабве… Секојдневно жените ширум светот вложуваат 12 милиони часови работа во нега на деца и стари како и домашни работи. Кога таа работа би се плаќала по минимална саатница во одредена земја, сумата би изнесувала неверојатни 11 милијарди долари годишно.
Полова нееднаквост
Нееднаквоста во светот е драстична. Дури 45% од светското богатство е во рацете на 2.153 милијардери. Светскиот систем на економија е сексистички, пишуваат авторите на извештајот.
Часовите кои девојките и жените ги инвестираат во домаќинството и семејството го ограничува нивното школување и учество на пазарот на труд. Заработуваат помалку и ја губат шансата да бидат финансиски независни.
Според студијата, осумгодишни девојчиња трошат 30% повеќе време во помош на домашни работи, отколку машките врсници. Меѓу 10-годишниците, девојчињата помагаат 50% повеќе.
На светско ниво, дури 42% од жените се надвор од пазарот на труд, бидејќи се врзани за домашни работи, додека кај мажите изнесува само 6%.
Oxfam заклучува: Жените работат премногу и тоа често неплатено, без признание и невидливо.
Прочитајте: Дала отказ за да стане домаќинка од 50-тите, затоа што смета дека „мажите треба да бидат разгалени“