Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација, телото задолжено за измени на правилата на фудбалската игра, ќе разговара за големи промени поврзани со траењето на натпреварите, по бројните жалби дека овој спорт има проблем со губењето на време на активната игра.
Ќе се разгледуваат три предлози, а секој од нив доколку биде прифатен, ќе биде наменет за подобрување на квалитетот на фудбалот.
Првиот предлог е времето на судиските продолжувања драстично да се зголеми, како што беше случај на Светското првенство во Катар, каде судиските продолжувања траеја и по 10 минути, вториот предлог е да се подобрат сегашните правила, и третиот е оној кој привлекува највеќе внимание - времето да се стопира кога топката не е во игра, како на пример при постигнување на голови, измени, пенали, повреди и ВАР.
Доколку предлозите бидат прифатени, до имплементацијата во правилата мора да поминат најмалку две години.
Британските медиуми пишуваат дека бројот на чиста активна игра е во константен пад од сезона во сезона, а за пример во Англија се игра само 56% од вкупното време на натпреварите.