Ако ве касне куче скитник во Тетово, треба да го земете правилникот издаден од Општина Тетово и според него да утврдите колку поени ќе добиете врз основа на кои ќе ви се исплати надомест.
Ова е само дел од правилникот што го издаде Општина Тетово, со кој се утврдуваат критериумите за висината на надоместокот што ќе го добијат граѓаните по каснување од куче скитник. Според него, секој каснат граѓанин ќе добие предлог-спогодба и можност за надоместок од минимум 30.000 до максимум 100.000 денари.
Исплатата ќе биде од буџетот на општината, а сумата ќе ја одредува посебна Комисија за надоместок на штета, во која, покрај вработени во општината, се и лекар трауматолог и лекар психијатар.
Целиот текст можете да го прочитате на sdk.mk