Натписите „Затвораме“ можат да се видат на вратите на сè поголем број продавници во Германија, вклучувајќи ги C&A, Galeria Karstadt Kaufhof, Primark, Görtz, Conrad, H&M, Orsay, Conrad и Media Markt.
Малопродажбата, всушност, со години се бори со намалената побарувачка во многу сектори. Но, во изминатите неколку години, сериозен удар им беше зададен на голем број „јаки“ брендови.
Покрај трендот на онлајн купување, последиците од пандемијата на Ковид-19 ги претрпеа и модните продавници, парфимериите, како и објектите со електроника. Ситуацијата дополнително ја влоши енергетската криза, пишува магазинот Феникс.
Неколку големи синџири како C&A, Galeria Karstadt Kaufhof, Primark и Görtz последователно најавија затворање на нивните филијали.
На најмалку една од три филијали на Galeria Karstadt Kaufhof му се заканува затворање. Овој ланец на стоковни куќи по втор пат за три години повторно се соочува со банкрот. Затоа, компанијата сега мора повторно да затвори десетици свои филијали.
Во декември 2022 година стана јасно дека, според внатрешен меморандум, можеби ќе треба да се затворат дури 90 филијали, а сега пропадна планот за преземање на 47 згради на галеријата Schön hier.
Големиот трговски ланец C&A, кој летово се повлече од Србија, годинава се подготвува да затвори и филијали во Германија. Сигурно дека првите „на мета“ се овие:
Се затвораат и некои продавници на Primark, синџир кој моментално има 32 филијали во Германија. Сепак, до крајот на 2023 година, може да има значително помалку од нив. Веќе некое време беше јасно дека ќе престане со работа на две локации: филијалата во Вајтерштат, во близина на Дармштат (Хесен), е затворена на крајот на ноември 2022 година и затворањето на продавницата во Schloss-Straßen во Берлин, се планира за оваа пролет.
Глобалниот моден бренд H&M исто така ги затвора своите капацитети. Само во 2022 година беа затворени вкупно 240 филијали ширум светот, но сè уште не е познато кои места во Германија се „погодени“.
Германската компанија Orsay помина многу подрастично, бидејќи во јуни 2022 година беа затворени сите 197 филијали во земјата.
Конрад најави дека ќе ги затвори речиси сите филијали во Германија, а на почетокот на јануари 2023 година сè уште беа отворени само продавниците во Mannheim, Regensburgh, Hürth и Wernberg-Köblitz. Медиа Маркт-Сатурн затвори 13 филијали во 2021 година, а во 2022 година, меѓу другото, затворена е и филијалата во Gelsenkirchen.