Албанските граѓани ќе можат да патуваат во Кина без визи според договорот потпишан меѓу двете земји, јави Албанската радио-телевизија, повикувајќи се на објава на албанскиот премиер Еди Рама на социјалните мрежи.
Рама по потпишувањето на договорот објави фотографии од кинескиот амбасадор во Албанија Жу Динг и заменик-министерката за Европа и надворешни работи на Албанија Меги Фино и нагласи дека тој стапува во сила за 30 дена.
Би можело да ве интересира: Албанскиот главен град Тирана трет најскап во регионот
Албанските граѓани сега можат слободно да посетат 116 земји во светот.