Предвидувањата на францускиот пророк и астролог Нострадамус сè уште се популарни меѓу луѓето низ светот. Што има предвидено за 2023 година?
Предвидувањата му се напишани во далечната 1555 година, во книгата „Les Propheties“. Историчарите овие податоци не ги сметаат за факти.
Во книгата се истакнува реченицата „седум месеци голема војна, зло ги убива луѓето. Руан, Евро нема да падне во рацете на кралот“. Некои мислат дека ова е референца на моменталниот конфликт меѓу Украина и Русија, кој во 2023 би можел да ескалира во трета светска војна.
Во случај на трета светска војна, францускиот град Руан наводно би бил безбеден, а предвидува дека Париз може да биде во опасност.
Нострадамус во книгата напишал за „небесен оган“. Некои луѓе мислат дека станува збор за крајот на светот. Од пепелот на цивилизацијата ќе никне нов поредок.
И Нострадамус предвидел дека луѓето наскоро ќе слетаат на Марс. Исто така сметал дека луѓето сакаат да ја колонизираат планетата до 2029 година.
Економска криза ќе завладее во светот како последица од пандемијата со коронавирус. Нострадамус напишал: „Цената на пченицата толку многу ќе порасне што човек ќе почне да си ги јаде ближните“.
Иако темата за глобално загревање не е нешто ново, според Нострадамус, во 2023 може да дојде до значително зголемување на температурите и нивото на морето.