Банките овозможуваат и електронски да се ажурирате и наплатувate за деблокада на сметката, но постарите граѓани кои не го користат електронското банкарство мора да ја завршат оваа обврска на банкарските шалтери. Од Организацијата на потрошувачите, потврдија дека имаат вакви поплаки.
Дел од граѓаните кои пред Нова Година, сакале да подигнат пари од сметка, се соочиле со блокирани сметки, а причината е што не ги ажурирале податоците. Во зависност од банката, обврската да пријавите било каква промена на личните податоци е периодична на 3 до 5 години, но граѓаните се револтирани што никој не ги известил или барем да ги потсетил дека се должни да го сторат тоа.
– Замислете дека треба да патувате или дека итно ви требаат пари, а сметката ви е блокирана. Многу граѓани се револтирани дека не биле известени за тоа дека мора да ги ажурираат податоците. Особено е критично кај постарата генерација, која не ракува со технолошките алатки, па за секоја услуга треба да застане пред шалтер. Како што банките треба да ги усогласат роковите, така не смее да затаи и известувањето.
Она што најмногу ги револтира клиентите е што никој не ги известил дека треба да се ажурираат за да ја избегнат блокадата на сметката. Оттука и најчестите прашања на веб страниците на банките се дали по ажурирањето, сметката ќе биде веднаш активирана, без разлика дали тоа ќе се случи на шалтер или онлајн?
Граѓаните се прашуваат како банките ги наоѓаат да им соопштат дека им е намален дозволениот минус на сметката, а не ги известуваат дека им поминал рокот за ажурирање?
ПРОЧИТАЈТЕ: Разработена шема преку хуманитарни акции - не праќајте лични податоци на непознати луѓе!
Обврската за ажурирани податоци е според Законот за спречување на перење пари и други приноси, кој е основа на Управата за финансиско разузнавање преку редовно ажурирање на податоците на граѓаните и на фирмите во банка, да контролира го финансискиот криминал. Банките се должни да работат под ваквата контрола на Управата, во спротивно вршат кривично дело.
Пред речиси три години за време на пандемијата, стотици граѓани кои беа на списокот за добивање државна помош од шест илјади денари, останаа без овие пари бидејќи не им беа ажурирани сметките. Банките имаа обврска на 26-ти декември 2020 година, да ги вратат назад во буџетот парите од овој пакет на помош, ако граѓаните претходно немаат сметки. Граѓаните беа максимално револтирани, бидејќи ова правило не беше јасно кажано од Владата, иако беше објавено на веб страниците на сите комерцијални банки.
извор: bankometar.mk