Британската непрофитна организација World Travel & Tourism Council ги анализираше податоците за туризмот од 2022 година и објави листа на најмоќни туристички градови во кои луѓето трошат најмногу пари.
Би можело да ве интересира: Кoj e најмоќниот пасош во светот?
Покрај податоците за билетите за музеи и цените на хотелите, анализирале и колку владите инвестираат во градовите како туристички дестинации. Париз го зазеде првото место на листата на најмоќни градови.
Меѓу другото, наведено е дека Париз се подготвува да биде домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година. Иако ќе бидат изградени помалку од 5% од објектите, градот инвестира ресурси во инфраструктура, безбедност и други мерки. Пресметката покажала дека приходот од туризмот во Париз изнесува 35,6 милијарди долари.
Исто така, интересно е да се забележи дека популарноста на Блискиот Исток нагло се зголемила во изминатата деценија. Сепак, луксузните Дубаи и Доха, вториот беше и домаќин на Светското првенство во фудбал, не се вклучени во оваа листа и покрај нивните високи приходи, бидејќи тие се покажаа слаби во другите категории.
Списокот на најмоќните туристички градови сега изгледа вака:
Париз, Франција
Пекинг, Кина
Орландо, Флорида, САД
Шангај, Кина
Лас Вегас, Невада, САД
Њујорк, Њујорк, САД
Токио, Јапонија
Мексико Сити, Мексико
Лондон, Англија, Обединето Кралство
Гуангжу, Кина