Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до објектите од почетокот на грејната сезона се одвива континуирано и така ќе продолжи до крајот на грејната сезона, изјавија од АД ЕСМ.
Доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите. При испораката на топлинска енергија се обезбдува оптимална потрошувачкa на топлинска енергија со минимални трошоци за греење на корисниците. Потрошувачката на топлинска енергија во објектот се регистрира на мерилото во топлинската станица.
Околу 70 исклучени потрошувачи повторно се приклучиле и дале доверба на системот за централно греење. Во 17 објекти со вкупна инсталирана топлинска моќност од 5 МW и 1200 нови потрошувачи е извршено пробно греење од кои 12 објекти со инсталирана моќност од околу 3 МW и 750 нови потрошувачи се приклучиле до денеска на системот за централно греење.
Ги повикуваме потрошувачите за сите пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето, да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи, сите потрошувачи кои ја добиваат фактурата во хартиена форма да ја искористат можноста за добивање на е-фактура и оние кои сеуште немаат склучено договор за снабдување да продолжат да пристапуваат кон пунктовите да склучуваат договори.
извор: makpress.mk