
Голем дел од Словенија е без струја поради обилните снежни врнежи кои на повеќе места предизвикуваат проблеми во сообраќајот.
Поради временските проблеми во Словенија, без струја утрово останаа многу домаќинства што ги снабдува „Електро-Љубљана“ со струја.
Од таа електродистрибутивна компанија соопштија дека само во Нови Место поради вонредни околности без струја се 3.156 корисници.
Би можело да ве интересира: Познато кога почнува скијачката сезона на Попова Шапка
Дополнително, 246 корисници во областа Љубљана во моментов се без струја. „Електро-Љубљана“ јавува дека екипите на терен ги санираат дефектите.
Метеоролозите најавија дека врнежите од снег само ќе се зголемуваат во текот на претпладневните часови, пренесе „Н1“ Словенија.