Утре и задутре, ако слушнете пукотници, немојте да се плашите оти станува збор за најобично минирање во околината на скопското село Говрлево, наведено е во соопштението што го испрати компанијата „Рудпроект“ до Регионалниот центар за управување со кризи.
Би можело да ве интересира: Од утре поскапи горива, ова се новите цени
„Ве известуваме дека на ден 24.01.2023 год. (вторник) и 25.01.2023 год. (среда) во периодот од 08 – 16 часот на површинскиот коп за калцитски мермер ‘Зелениковец’ – Говрлевска Краста – Скопско, ќе вршиме минирање. Известувањето ви го доставуваме заради ваша информираност“, наведено е во известувањето.