Ер Србија од денеска до 5 февруари нуди авио-карти по намалени цени за повеќе од 40 дестинации во регионот и во Европа.
Најевтините карти кои може да се купат се по цена од 39 евра во еден правец, за патувања од 1 февруари до 1 април.
Авио-карти за Бањалука, Барселона, Атина, Тиват, Подгорица, Загреб, Солун, Букурешт, Скопје, Софија, Тирана, Сараево, Љубљана, Малта и Будимпешта, моќже да се купат по цена од 39 евра во еден правец.
Би можело да ве интересира: Уште пет летови на „Виз Ер“ од Белград
Картите до Рим, Штудгарт, Осло, Копенхаген, Стокхолм, Болоња, Нирнберг, Хановер, Дизелдорф, Венеција, Милано, Ларнака, Бари достапни се по цена од 49 евра.
До Салцбург, Лион, Цирих, Брисел, Виена, Прага, Мадрид, Валенција, Истанбул, Анкара, Берлин, Малага, Франкфурт, Париз, Амстертам, Ер Србија ги продава по цена од 59 евра, а по почетна цена од 79 евра може да се лета и до Лондон.
„Нашата нова промотивна акција е осмислена така да пружа можност за купување авио-билети по поволни цени. Веруваме дека со тоа ќе ги израдуваме нашите патници, со оглед на тоа дека покрај големите градови, на промоција се и најсончевите дестинации во Европа и регионот“, вели директорот на комерцијала и стратегија во Ер Србија, Бошко Рупиќ.