Осумдесет и еден ученик од штипските основни и средни училишта се испишани поради нивно заминување во странство. Раководителот на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева, денеска истакна дека оваа бројка на испишани ученици е од септември до декември 2022 година, односно за време на првото полугодие од учебната 2022/2023 година.
– Родителите на овие ученици кога заминуваат во странство, отсуството го земаат за еден месец, бидејќи толку и можат да бидат отсутни од настава и кога отсуствуваат, го нагласуваат тоа и во тој месец знаат дали ќе останат таму или ќе се вратат и се случува да се вратат – вели Санева.