Инфлацијата ја крева цената на пицата во Њујорк. Еден маж следел повеќе од 450 продавници, во текот на осум години, за да го испрати овој загрижувачки тренд на поскапување.
Кога Лијам Квигли бил во средно училиште на Менхетен на почетокот на 2000-тите години, можел да земе парче пица и сок за 3,5, најмногу четири долари.
„Имав 20 долари неделно за џепарлак“, се потсетува тој. „Ќе отидев во пицерија наместо во ресторанот „Wendy’s“, на пример, бидејќи кај „Wendy’s“ само добар ден би ме чинел пет долари. Но, пицериите имаа поконкурентна понуда“.
Сега овој 32-годишен новинар-фриленсер, продолжил да ја користи својата омилен понуда за брза храна во Њујорк. Во 2014, надевајќи се дека ќе направи референтна мапа поврзана со тоа каде да се земе добра пица во Њујорк, Квигли почнал јавно да ги следи своето купување на пица на Инстаграм.
Кога би посетил ново место во рамките на проектот за известување, би застанал да изеде парче пица, фотографирајќи ја секоја своја „извалкана чинија“. Од Стетон Ајленд до работ на Бронкс, забележувал каде и што јадел и колку пари потрошил, а податоците ги објавувал на „NYC Slice“.
Во текот на својот проект, само еднаш или два пати наменски излегол од дома за да купи парче пица и за тоа пишувал на „Instagram“. Инаку, сите останати биле спонтани купувања, додека истражувал разни делови на Големото јаболко.
Повеќе од 1.200 долари и речиси деценија подоцна, Квигли ја завршил својата мисија, со дефинитивен збир од податоците за цените на пицата во Њујорк, пишува „Bloomberg“.
Овој месец пресметал се за растечката цена на едно парче и ги објавил резултатите на својата веб страница, проследени со графикони, мапа и целосна пресметка од сите пицерии кои ги посетувал.
Од 2014-та до 2022-ра година открил дека просечната цена на парче со кашкавал пораснала од 2,52 на 3 долари. Парче пица со кулен, која секогаш била малку поскапа, сега во просек чини 4,58 долари, вели Квигли.
Резултатите објаснуваат зошто го прекинал својот долготраен експеримент.
„Едноставно е болно да се трошат пари на храна која е лоша, само за да се заврши проектот“, рекол тој.
Просекот на Квигли исто така ја следи априлската анализа на „Bloomberg News“, која открила дека обично парче пица во Њујор, од април 2022-ра година поскапело за 3,14 долари.
Според неговото искуство, пицериите кои наплаќаат повеќе, не обезбедуваат подобри производи.