Со просечно годишно производство на јаболка од 550.000 тони и повеќе од 225.000 тони извезени јаболка, Молдавија е рангирана меѓу првите 10 извозници на јаболки во светот во 2021 година.
Би можело да ве интересира: СЛОВЕНИЈА БАРА НАЈМАЛКУ 5000 ГРАДЕЖНИ РАБОТНИЦИ: Досега пополнуваа со луѓе од Балканот, а сега вработуваат и од Азија
Минатата 2022 година, молдавските јаболка биле извезувани во 32 земји, за разлика од 2021 година кога имало 18 извозни пазари.
Молдавија е мала и е една од најсиромашните земји во Источна Европа, која се простира на површина од 33.851 km² и има 2.6 милиони жители.
Колку за споредба, Македонија со 25.713 km² и 3.2 милиони жители во 2021 година, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2021 година имала вкупно производство на јаболка 92.863 тони од кои 87.900 тони се извезуваат, а само на осум пазари имало остварено извоз поголем од 100 илјади евра.
Индустријата за јаболка во Молдавија бележи брз раст во изминатите десет години. Земјоделците засадија поголеми површини со интензивни овошни насади со сорти со голема побарувачка како Гала, Ред Делишус, Фуџи, Бонита и Грани Смит, дополнувајќи ја широката палета на традиционални сорти. Инфраструктурата за складирање и сортирање беше надградена, а операциите на пакување беа подобрени, што ја покажа посветеноста на молдавските одгледувачи да се прилагодат на постојано променливата реалност на пазарот на овошје.
Молдавските извозници направија огромни напори во последниве години да ги диверзифицираат своите пазари, и тоа се покажува како исплатлив чекор. Минатата година, молдавските јаболка беа извезени во 32 земји, за разлика од од 2021 година кога имало 18 извозни пазари. Она што некогаш беше посебна активност за извозниците, испраќањето јаболка на далечните пазари по море сега е воспоставена практика: повеќе од 5.500 тони молдавски јаболка беа испратени до Заливскиот регион само во 2022 година.
Молдавија е рангирана меѓу првите десет извозници на јаболка во светот во 2021 година, со просечно годишно производство од 550.000 тони и повеќе од 225.000 тони извезени.
Освен јаболката, молдавските фармери одгледуваат и извезуваат значителни количини сливи, кајсии, слатки цреши и трпезно грозје. Молдавија беше една од првите пет светски извозници на сливи во 2021 година, при што овие овошја од година во година достигнуваа нови пазари.
Целиот текст прочитајте го на izvoz.mk