Најголема просечна нето-плата во Република Македонија добиваат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, покажаа податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во ИТ индустријата во ноември 2022 година земале нето-плата во просек од 84.018 денари, по што следи секторот Воздухопловен транспорт со нето-плата од 63.289 денари, додека по нив следат од секторот Останати стручни, научни и технички дејности со плата од 53.243 денари.
Би можело да ве интересира: Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари
ДЗС, исто така, објави дека просечната нето-плата по вработен во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари.