Со ниски плати, а висока инфлација, во време кога трошоците за живот постојано растат, Македонија е меѓу најсиромашните земји во регионот покажуваат податоците од државниот завод за статистика.
И покрај тоа што просечната нето плата достигна 33.011 денари или 536 евра за месец ноември платите на најслабо платените работници во земјава се намалиле во споредба со октомври.
Првиот финансиер мака мачи и во својот сектор. Вели ги зголемил платите во финансии бидејќи скоро е преполовен бројот на вработени. Само последната година заминале околу 40 административци за подобри услови и повисоки плати.
Околу милион и пол евра собрани како данок од компаниите кои работеле во недела вели ќе бидат префрлени во фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи дека ќе растат платите бидејќи ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот и не може други средства да одат за таа намена додаде шефот за финансии Бесими.
Владата не размислува за нови фискални мерки за помош на бизнисот, со што фирмите би имале пари и за покачување на платите. Она што со сигурност се знае е тоа дека од март ќе се зголеми и минималната плата, која треба да повлече и општ пораст на примањата на работниците.