Работата од дома во просек заштедува 72 минути дневно време на патување низ светот, најмногу во Кина – 102 минути дневно, а најмалку во Србија – 51 минута, покажуваат резултатите од новото истражување објавено денеска од Блумберг.
САД, исто така, забележаа релативно ниски заштеди од 55 минути, според студијата објавена овој месец од Националното биро за економски истражувања на САД.
Работењето од далечина во светот заштедило во просек повеќе од еден час дневно во 2021 и 2022 година.
Тим економисти од Европа, Мексико и САД, вклучувајќи го и Николас Блум од Универзитетот Стенфорд, пресметаа дневни времиња на патување врз основа на анкети на работници во 27 земји во последните две години.
Кога ќе се земат предвид оние кои никогаш не работеле на далечина во тој временски период, економистите проценуваат дека работата од дома заштеди околу два часа време на патување по работник, неделно.
Економистите проценуваат дека ова ќе се преполови по завршувањето на пандемијата, со оглед на плановите на работодавачите да го вратат персоналот на нивните работни места.
Околу една третина од работниците го користеле времето заштедено со работа од дома за одмор и забава, а 11 отсто за нега, покажало истражувањето.